Раднички лесна задача за Вардар

Очекувано РК Вардар во натпревар од редовното 6-то коло од СЕХА лигата во СЦ Јане Сандански го порази српскиот претставник Раднички од Крагуевац со 39-33.Во натпревар во кој Раул Гонзалес ги одмараше ударните бекови во редовите на “црвено-црните”, резултатот го отвори екипата на Раднички преку Босиќ. Тоа беше единственото водство на српскиот состав. Растворцев и Брумен му ја овозможија на Вардар резултатска предност, а Терзиќ во 9минута го доведе Вардар на четири голови предност. Во средината на првиот дел Вардар направи 3-0 серија за седум голови предност, што стави крај на неизвесноста на овој натпревар. До крајот на првото полувреме домаќините ја задржаа предноста за конечни 21-14.

Во вториот дел шанса добија двете крила на вториот тим на Вардар, Недановски и Јовчевски, а во 40-тата минута за прв пат во игра влезе и Стојанче Стоилов. Резултатски ништо не се промени во натпреварот, Вардар имаше и девет голови предност во 40-та минута, а гостите најблиску до “црвено-црното” водство беа во 55-та минута кога намалија на три голови разлика 34-31.
Најдобри стрелци во “црвено-црните” редови беа Стефан Терзиќ со седум и Матијаж Брумен со шест погодоци од исто толку обиди, сите во првиот дел. Кај гостите Пралица постигна седум а Грбовиќ шест погодоци.