Радмила Петровиќ: Вардар е квалитетен противник, тешко е да се игра на нивен терен

Една од најквалитететните ракометарки на Будуќност, Радмила Петровиќ за официјалниот сајт на Европската ракометна федерација ги истакна очекувањата за престојниот натпревар против ЖРК Вардар кој на програмата е на 16.11.2014 (Недела) од 19:00 часот во спортскиот центар “Јане Сандански”.

Вардар е многу квалитетен противник и со нив никогаш не е лесно да се игра, посебно на нивен терен. Видливо е дека од натпревар во натпревар ја подигаат својата форма и играат се подобро. Секако, ние во Скопје одиме да го дадеме својот максимум и да се обидеме да го осигураме првото место во групата. Натпреварот ќе биде доста различен за разлика од ониј кој го одигравме во Подгорица. Клучот за секоја победа е во играта во одбраната , и екипата која ќе одигра максимално секако ќе ги освои двата бода.