Радичевиќ: Им благодарам на навивачите што веруваа во нас, и покрај поразот од Ѓер (ВИДЕО)

Јованка Радичевиќ со шест постигнати погодоци беше втор стрелец во победата на Вардар над данскиот шампион Митјиланд. Популарната црногорка за 24Ракомет ТВ изјави дека се чуствува прекрасно по првата победа на домашен терен, а пред се е горда дека таа и нејзините соиграчки докажаа како треба да се игра како тим. Најави нови добри игри на Вардар, а целата изјава можете да ја погледнете во продолжение.