Радичевиќ за 24РАКОМЕТ ТВ: Мораме да промениме одредени работи во играта за да одиме на „Фајнал фор“

ЖРК Вардар ја запиша првата победа во новата година, а двата освоени бодови во СЦ ,,Јане Сандански” го вратија ЖРК Вардар на третото место во својата група. Иако постигна мал број на голови, црногорската репрезентативка, Јованка Радичевиќ, одигра одличен натпревар против ЦСМ Букурешт каде целосно ја затвори прославената ракометарка од Шпанија, Кармен Мартин.

Радичевиќ со своите два постигнати голови имаше своја улога во резултатот, а најзините први импресии по завршувањето на натпреварот, можете да ги погледнете на видеото подолу.