Радичевиќ: Дојдовме до двата натпревари кои ќе ја решат цела сезона!

Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ беа дел од машинеријата на европскиот гигант Ѓер, со кој ја освоија Лигата на шампионките пред две сезони. Саботниот натпревар од четвртфиналето на елитното натпреварување ќе ги соочи двете ракометарки со нивните поранешни колешки. Со почит кон противникот, кој е актуелен освојувач на Лигата на шампионките, двете ракометарки од редовите на „црвено-црниот“ состав, имаат огромен мотив да ја премостат последната пречка кон Фајнл Фор турнирот во Будимпешта.
Андреа Лекиќ, ракометарка на ЖРК Вардар:
Јас и Јованка бевме дел од машинеријата на Ѓер, слушнавме многу за нивните повреди изминатиов период, но тоа не треба да не залажува. Екипата веќе неколку години ја води Амброс Мартин. Го следевме последниот натпревар на машкиот состав од Лигата на шампиони, невозможно е да не се одигра така пред таква публика.
Јованка Радичевиќ, ракометрка на ЖРК Вардар:
Дојдовме до двата натпревари кои ќе ја решат цела сезона. Играме против прваците на Европа што ќе биде тешко, но ние сеуште чекаме да блеснеме, се надевам тоа ќе се случи во сабота. Не треба да влеземе со вжештени глави, а ако влеземе со преголема желба тоа може да го одведе натпреварот во друга насока. Дојдете сите во сабота, за нас тоа ќе биде огромен мотив за да одиграме во вистинско светло.
ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ