Радичевиќ: Посилни сме од минатата сезона, играме различно по доаѓањето на Питлик!

Откако ждрепката сакаше втора година по ред ЖРК Вардар да игра полуфинале против Будуќност, и Јованка Радичевиќ за црногорските медиуми ги истакна своите очекувања за дуелот против својот некогашен клуб:

Будуќност игра одлично во текот на целата сезона, но ме радува дека и ние бевме најдобри кога беше најпотребно и тоа против Ѓер во четвртфиналето. Мислам дека за победникот на овој дуел ке одлучуваат нијанси, најважно е да бидеме здрави и да веруваме во себе. Не би тренирала ракомет доколку не мислам дека можеме да победиме. Сметам дека сме посилни во однос на минатата сезона, а играме поразлично откога Питлик пристигна во клубот. Искрено посакував да се сретнеме во полуфиналето.