Раде Стојановиќ нов член на Металург

По турбулентниот период во Металург, раководството на клубот се обидува да ја задржи барем втората позицијата во македонското првенство, со што би можел да се надева на ново учество во СЕХА лигата и Лигата на шампиони.
Веќе е јасно дека младите сили на Металург нема да бидат доволни за квалитетните натпреварувања, затоа Металург ќе се ослони на нов квалитетен и искусен ракометар овој пат на левата бековска позиција.
Раде Стојановиќ ја одбра понудата на Металург, откако интерес за него покажаа и други македонски екипи.
Поранешниот македонски репрезентативец кој изминатава сезона настапува во израелското првенство има богато портфолио кое ги вклучува екипите на Вардар про и Зомимак-М, словенечките клубови Голд Клуб,Тримо Требење, Горење, белорускиот Мешков Брест, катарскиот Ал Саад, норвешки Драмен и израелски Бен Херзлиај.
Нов квалитет во името на Раде Стојановиќ ќе биде нова шанса за македонскиот шампион да се стабилизира и да ја направи присилната смена на генерации безболна.