Раде Стојановиќ го потврди трансферот во Израел:Престојната сезона ќе настапувам за екипата на Бен Херзлиај

Раде Стојановиќ во изјава за 24ракомет потврди дека престојната сезона ќе ја помине во екипата на Бен Херзлиај од Израел. Иако беше постигнат договор со екипата на Зомимак, оваа сезона да настапува во Струмица, сепак Стојаовиќ остана доследен на традицијата и се одлучи за уште еден интернационален предизвик.

Да точно е дека оваа сезона ќе настапувам за екипата на Бен Харзлиај од Израел. Цел на екипата ќе биде пласманот помеѓу првите четири екипи на табелата и излез во Европа. Градот е мирен и излегува на море, луѓето се љубезни, и драго ми е што уште една година ќе настапувам надвор од Македонија. Со мали прекини кога настапував за Вардар во сезоната 2009/2010 и лани една полусезона во Зомимак, ова ќе ми биде 14-та година интернационална кариера.

.