Работнички ќе биде дел од групацијата „Новоматик“ Македонија (ФОТО)

Работнички добива нова свежина, овојпат не се работи за некое ново засилување туку причината е новиот спонзор на клубот, австриската групација „Новоматик“. Македонскиот состав по одиграни седум првенствени кола се наоѓа на првата позиција во Супер лига, а успехот на скопската екипа беше гаранција за финансиска стабилност и спонзор кој ќе ги може да ги прати во своите амбиции. Потрагата по покровител кој ги разбира ракометните патеки кои новото раководство ги постави на почетокот на новата сезона заврши со една од најголемите компании за игри на среќа во Македонија, македонската филијала на „Новоматик“, МА Гејминг. Денес се потпиша договорот со кој и официјално еден од брендовите на „Новоматик“, Адмирал ќе стои на дресот на македонскиот суперлигаш, а на претставувањето на новиот спонзор пред медиумите, задоволството од остварената сорботка го споделија спортскиот директор на Работнички и претставниците на „МА Гејминг“, директорот Дамјановски и управителот Пренгов.
PRESS RK Rabotnicki-7955
PRESS RK Rabotnicki-7950Ванчо Димовски, спортски директор на РК Работнички:
Моја обврска е да се заблагодарам на луѓето од Адмирал. Во овој момент е почетокот на новата ера во клубот, тие препознаа тим со голема традиција и ја дадоа својата доверба на луѓето кои работат во клубот. Времето е пред нас ќе покаже колку и дали ќе биде успешен овој проект.
PRESS RK Rabotnicki-7957
Ѓорѓи Дамјановски,директор на Адмирал Македонија:
Ние како Адмирал долго време сме поддржувачи на спортот. Нашата цел како меѓународна групација со над 30000 вработени во Европа, е да бидеме општествено одговорна компанија. Најавуваме мала поддршка на клубот и се надеваме дека со наша помош екипата, како и во минатото така и сега ќе биде меѓу првите клубови во Македонија. Адмирал постои веќе осум години и сме една од најдобрите компании во игри на среќа.
Немаме амбиции за додавање имиња на името на клубот, традицијата на името Работнички доволно говори за своето реноме, се надеваме дека ќе ни се придружат и останатите општествено одговорни компании и до плеј-офот ќе го наполниме дресот на Работнички со нови спонзори…PRESS RK Rabotnicki-8016По пресот следуваше коктел за сите соработници, претставниците на медиумите и угледни гости од ракометниот свет.

PRESS RK Rabotnicki-7923

PRESS RK Rabotnicki-7914 PRESS RK Rabotnicki-7910 PRESS RK Rabotnicki-7928

PRESS RK Rabotnicki-8039

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ