РАБОТНИЧКИ СТИГНА ДО ВАЖНА ПОБЕДА НА ЖЕШКИОТ ТЕРЕН ВО ПРИЛЕП, МЕТАЛУРГ РУТИНСКИ ГО СОВЛАДА ОХРИД

Во македонската ракометна суперлига на програмата беше 6.коло во кое фаворитите стигнаа до нови победи. Посебно интересен беше напреварот во Прилеп каде домашната екипа го пречека Работнички. По минатонеделниот триумф во Скопје против Вардар Јуниор, ракометарите на Томе Петревски беа мотивирани за уште еден триумф против Работнички, но на спротивната страна го имаа расположениот Работнички кој игра одличен ракомет.Почетокот на натпреварот им припадна на домаќините кои со добра игра успеаа да изградат позитива од четири погодоци. Работнички до полувремето успеа да стопи половина од оваа негатива, а момците на Андон Бошковски продолжија со добра игра и во вториот дел. Расположените Вања Илиќ и Златко Мојсоски успеаа да го свртат резултатот на страната на црвено-белите и на средината на вториот дел тие беа тимот кој имаше позитива од +3, 18-21. Во продолжението прилепчани повторно успеаа да се вратат во игра 23-23, но во клучниот период од мечот Работнички одигра подобро и со голот на Вања Илиќ во последните секунди од натпреварот забележа нова и многу значајна победа на жешкиот терен во Прилеп.Конечниот резултат гласеше 24-26.

Македонска ракометна суперлига 6.коло

Охрид-Металург 22-30
Пролет-Вардар Јуниор 25-29
Металург 2-Радовиш 31-33
Борец-Охрид 21-25
Прилеп-Работнички 24-26

Најдобрите моменти од 6.коло на Македдонската ракометна суперлига погледнете ги на следното видео: