Работнички не виде мака против Преспа

Тимот на Работнички славеше со убедливи 39-22 над Преспа во осмото коло од разигрувањето за место во Суперлигата следната сезона.

Гостите беа во игра петнаесетина минути, до 9-8, а потоа домашните ги затворија сите приоди кон голот и до крајот на полувремето постигнаа седум голови, а не примија ниту еден! Во сличен ритам продолжи Работнички во вториот дел, гостите немаа сили да се спротистават и до крајот само рутински го довршија натпреварот до конечните 17 разлика, 39-22.

Најдобри стрелци во домашниот состав беа Димитров и Палевски со по девет и Полак со седум голови, додека и голманот Куртановиќ имаше солидна партија. Во гостинската екипа се истакнаа искусните Шабединовски со четири и Мирков со три голови.

Работнички сега има 18 бодови, а двата ривали Металург 2 и Јуниор, кои имаат ист број бодови, денеска ќе го одиграат својот меѓусебен дуел.