Работнички го совлада Пелистер по втор пат

Во дерби натпреварот од 13-то коло во машката Супер лига, Работнички во СЦ „Форца“ го совлада составот на Пелистер и ја запиша деветтата победа во македонскиот шампионат со конечен резултат 26-21 (12-10).

MAK (rakomet) Rabotnicki-Pelister-4561

Гостинските ракометари го отворија резултатот на овој натпревар. Првото водство на натпреварот Работнички го создаде во шестата минута за 3-2. Во продолжение на дуелот двете екипи постигнаа постигнаа по еден погодок, а во 11-та минута Илиќ им донесе прва предност на домаќините од два разлика (5-3). Гостите се обидоа да се вратат во натпреварот и на неколкупати беа на чекор до израмнување, но составот на Андон Бошковски не дозволи изненадување. Точка на првото полувреме стави Вања Илиќ со удар од пенал линијата. По првите триесет минути двете екипи заминаа на пауза со резултат 12-10.

MAK (rakomet) Rabotnicki-Pelister-4527

Гостите повторно први постигнаа погодок  и во вториот дел, на што возврати Работнички преку Илиќ за 14-11. Ракометарите на Пелистер, најблиску до резултатот на противникот беа во 53-та минута на 21-19, но пресуди искуството на Работнички. Во наредните три минути домаќините го создадоа највисокото водство од 25-19 и ги решија сите дилеми околу победникот. На крајот конечниот резултат беше 26-21 во корист на Работнички.

Најпрецизен на теренот беше Илиќ со 10 голови, додека Златко Мојсоски постигна осум. Кај гостите Николиќ постигна шест голови.

Со оваа победа Работнички се наоѓа на третата позиција на табелата по некомплетното 13-то коло. Пелистер останува на осмата позиција. Во последната рунда за оваа година, Работнички гостува во Велес кај Борец, додека Пелистер го пречекува Охрид во спортската сала „Младост“.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ