Работнички ги собра бодовите од Битола

Во рамките на четвртото коло од македонската Супер лига, Работнички триумфираше во Битола, и со нови три бодови се позиционираше на второто место на табелата во националното првенство. По изедначеното прво полувреме, екипата на Андон Бошковски со конечен резултат 16-20 ја запиша третата победа по воведните четири кола од македонската Супер лига.
MAK-Pelister-Rabotnicki-4010
Почетокот на натпреварот помина во знакот на битолчани, на серијата од три голови Работнички одговори дури во осмата минута кога Мојсоски од пенал го постигна првиот погодок за гостите. Во изедначена игра, домаќините ја имаа контролата врз резултатот се до 23-та минута, кога Никола Марковски го донесе Работнички во предност од 7-8. До крај на првиот дел двете екипи постигнаа по два гола, а Чачиќ стави точка на првите триесет минути за конечни 10-10.MAK-Pelister-Rabotnicki-4135На почетокот на второто полувреме Пелистер и Работнички ги заменија улогите од првиот дел. Гостите по шест минути игра имаа предност од три голови, а во полувремето што го одбележаа одбраните и голманските интервенции, му припадна на младиот Даниел Ѓорѓески, кој со вкупно 16 интервенции беше еден од клучните ракометари на овој дуел. Никола Марковски на минута пред крај ги постави највисоките 15-20 за „романтичарите“, а последниот почесен гол му припадна на Пелистер за конечни 16-20.
MAK-Pelister-Rabotnicki-3926
Златко Мојсоски со шест погодоци беше најпрецизен ракометар кај „црвено-белите“, по него, Никола Марковски и Вања Илиќ постигнаа по четири погодоци. Во редовите на Пелистер, Дрогришки постигна седум голови, додека странците Топиќ, Чачиќ и Николиќ ја комплетираа листата стрелци со по три голови.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ