Работнички во последните секунди „украде“ бод во Автокоманда

Ракометарот на Работнички, Стефан Николовски му донесе бод на својот тим на дуелот против Металург 2 во средба која донесе многу интересни 60 минути. Сепак, еден удар одлучи за поделбата на бодовите, па на крајот и двете екипи мораа да се задоволат со по еден поен.

Металург беше во предност во најголемиот дел од средбата. Постојано имаше позитива стекната уште од стартот на средбата. Работнички поведе со 1:0 и потоа следуваа четири напади во кои ракометарите на домаќинот погодуваа и овие 4:1 беа доволни во продолжение од првиот дел од средбата да се има предност.

После 14:12 на паузата, во вториот дел од натпреварот тимот на Металург 2 продолжи да ја одржува предноста. Разликата и понатаму се од два до три гола до израмнувањето на 18:18. Тука следуваше период во кој Работнички бркаше резултат и постојано успеваше да израмни откако Металург ќе поведеше.

Гостите вторпат на овој дуел поведоа со 21:20, но не успеаја да сторат ништо повеќе од ова бидејќи Металург одново се врати во предност и повторно имаше водство од еден гол, кое беше неутрализирано од гостите.

На крајот сè се решаваше во последниот напад, а Николовски успеа да реализира за бод за Работнички на овој натпревар

МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ    26:26 (14:12)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 400. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

МЕТАЛУРГ 2: Василевски, Божиновски, Младеновиќ 4, Кондев 3, Меловски, Кофилоски 2, Гошевски 4, Митиќ 1, Лембанов, Ристовски 2, Л. Додиќ, Младеновиќ 2, Прентовски, Тодевски 3, С. Додиќ 5, Гајиќ.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 4 мин.

РАБОТНИЧКИ: Куртановиќ, Давитков, Игнов, Садиковиќ, Петров, Милошески 3, Николовски 6, Димитров 8, Љубевски, Кумогородски 5, Димовски 2, Полијак 2, Мисалиески, Благопетров.

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 14 мин.