„Работниците“ од Еурофарм го „одработија“ Металург 2

Ракометарите на Еурофарм Рабтотник немаа никакви проблеми со тимот на Металург 2 и славеа лесна и убедлива победа со 38:24, во меч од 6 коло на Супер лигата, кој се одигра во Битола. Гостите веројатно преморени од мечот со Борец пред два дена, немаа сили да му се спротистават на поквалитетниот противник.

Се што направија избраниците на Петровски, беше само почетното водство со 1:0. Се дурго потоа беше во знакот на домашните ракометари кои континуирано само ја зголемуваа предноста. На пауза се замина со предност од 16:11 за Еурофарм Работник.

Иако стартот на вториот дел не навестуваше дека мечот ќе заврши со огромна разлика, сепак тоа се случи. Гостите одржуваа едноцифрена негатива додека можеа, но во самиот финиш, момците на Марковски и Зарков со серија голови, успеаја да ја наполнат мрежата до врв на Металург 2, за конечни 38:24.

Најдобар ракометар во домашниот состав беше португалското лево крило Серхио Барош со 10 голови, додека исто толку во противничкиот табор даде Димитар Димитриоски.