Рабик: Честитки за Вардар, но судиите не беа на ниво!

По завршувањето на натпреварот за третото место во кој ЖРК Вардар беше подобар од руски Динамо, свое видување на натреварот дадоа тренерите и дел од актерите на теренот:

Виктор Рабик (тренер, Динамо):

Сакам да и честитам на екипата на Вардар за освојување на третото место. Натпреварот беше доста возбудлив на задоволство на публиката во салата, но судиите на овој натпревар не беа на високо ниво.

Индира Кастратовиќ (тренер, ЖРК Вардар):

Најпрво сакам да и честитам на екипата на Динамо за добриот натпревар, а посебно сакам да им честитам на моите ракометарки кои успеаа психички да се вратат по тешкиот вчерашен пораз и да стигнат до третото место.

Анита Гаче (Динамо):

Одигравме два тешки натпревари кои на жалост ги изгубивме. Мислам дека можевме да одиграме многу подобро. Денес одигравме на повисоко ниво но не беше доволно да стигнеме до третото место.

Андреа Пенезиќ (ЖРК Вардар):

И честитам на екипата на Динамо која одигра добар натпревар. Ова беше тежок меч за двете екипи, по вчерашниот висок пораз беше многу тешко да се мотивираме за денешниот натпревар, но моравме за нашите навивачи кои не подржуваа до самиот крај, и многу сум среќна за оваа победа и освојувањето на третото место.