Пукна носот на Маркоски, неизвесен за реваншот (ФОТО)

Пивотот на Еурофарм Работник, Никола Маркоски во финишот од средбата против Берн (53. минута) мораше да го напушти теренот, а потоа и салата поради сериозноста на повредата. Настрада носот на Никола Маркоски, кој во дуел игра со противнички ракометар доби удар после кој остана да лежи на теренот.

Поради крварењето мораше да биде префрлен во болница со брза помош за да може да се санира оваа повреда. Првите информации се дека не се работи за сериозна повреда, но тој е неизвесен за реваншот. 

Првиот впечаток беше дека носот е пукнат, но докторскиот тим на Еурофарм Работник информира не се работи за толку сериозна повреда и дека Маркоски има само расекотина на носот. Сепак, превентивно морал да биде пренесен во болница за таму да му биде санирана истата.

Инаку, ќе бидат направени и снимки да се види дали е само расекотина или има и некаква скршеница. Од добиените наоди после снимките ќе зависи и неговиот настап на гостувањето во Швајцарија каде Еурофарм Работник ќе има предност од високи 29:19.