ПСЖ ја покажа својата сила против ППД Загреб

Екипата на ПСЖ ја забележа својата трета победа во ЕХФ Лигата на шампионите. Жртва на четата на Нока Сердарушиќ беше ППД Загреб кој во Париз беше поразен со резултат 34-23 (18-8).
Уште по првите трисет минути беше познат победникот на овој натпревар. ПСЖ стартуваше фирузно, постигнувајки осум а примајки само еден гол по десет минути игра. ППД Загреб индиспонирано влезе во натпреварот, големиот број на технички грешки беа жестоко казнувани од противникот за првата двоцифрена предност во корист на ПСЖ која со својот петти погодок ја донесе Хансен во 27.минута. Највисоките 18-7 ги постави Џефри М’Тима, а последниот погодок во првото полувреме го постигна Степанчиќ за конечни 18-8.

Во вториот дел ПСЖ рутински ја одржуваше високата предност стекната на полувреме. Гостите од Загреб најмногу успеаа да стигнат на седум погодоци негатива, што само ја потврдува доминацијата на ПСЖ на овој натпревар. Полследниот погодок на натпреварот а воедно и враќање на највисоката предност од +11 го постигна Лука Карабатиќ за конечни 34-23. Со оваа триумф екипата на ПСЖ стигна до третата победа во четвртиот одигран натпревар во групата А.

Најпрецизни во составот на ПСЖ беа Хансен со десет и Карабатиќ со седум постигнати гола. Кај ППД Загреб, Ковачевиќ беше стрелец на пет погодоци.