ПСЖ ја засили и клупата: Шведскиот селектор Олсон ќе му помага на Сердарушиќ

По првиот пораз на почетокот на Лигата на шампионите, францускиот шампион ПСЖ во пресрет на првиот дуел на домашен терен против Висла Плоцк ја засили клупата со легендарниот шведски ракометар, а сега селектор на националниот тим на Шведска, Штефан Олсон. 52-годишниот Олсон ќе му асистира на главниот тренер Нока Сердарушиќ во наредните две сезони, а тоа ќе биде нивна повторна соработка откако Олсон играше за тренерот Сердарушиќ во Кил од 1996 до 2003.
Штефан Олсон заедно со Ола Линдгрен во 2008 година ја превземаа клупата на репрезентацијата на Шведска, а во 2012 и го донесоа средбрениот медал на својата земја на Олимпсиките игри во Лондон. Олсон во првата година од договорот со ПСЖ ќе продолжи со своите обврски кон репрезентацијата.

„Огромно задоволство е да бидам дел од Париз Сент-Жермен. Тука сум да му помогнам на тренерот Нока Сердарушиќ да го доведе тимот до самиот врз на европскиот ракомет.“

-ијави Швеѓанецот откако ја потпиша соработката со францускиот клуб.