ПСЖ се прошета низ Шафхаузен

ПСЖ немаше никакви проблеми на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен, иако беше без повредениот Никола Карабатиќ и уште по првиот дел ја обезбеди победата. Домашните се држеа само во првите десетина минути, кога беше 4:4, а потоа се беше во знакот на гостите. Степанчиќ, Хансен и Генсхајмер донеса убедливи 19:8 на паузата.

Во вториот дел предноста само беше зголемувана до конечни 35:25. Најдобар стрелец кај гостите беше Уве Генсхајмер со 7 голови, Нилсен даде 5, а Хансен и Степанчиќ имаа по 4. Во домашниот тим се истакнаполскиот репрезентативец Микал Шиба со 6 голови, а искусните Линигер и Часар, дадоа 5, односно 4 голови.