ПСЖ сака да купува од Вардар: Марсениќ со понуда да стане „светец“

Откако го договорија Раул Гонзалез да седне на клупата на ПСЖ, Французите сакаат уште еден член на Вардар да премине во нивните редови. Пивотменот Мијајло Марсениќ кому сезонава му завршува договорот со „црвено-црните“ има понуда да замине во Париз. Тој е еден од засилувањата што ПСЖ и Гонзалес ги сакаат за следната сезона.

ПСЖ веќе го договори и Виран Морос кој би требало да биде главниот дефанзивец на екипата. Тој не го продолжи договорот со Барселона и се очекува да замине за Франција.

Сега следуваат преговори меѓу Марсениќ и ПСЖ, но можно е и Вардар да сака играчот да остане. Во моментов има тројца квалиттени пивотмени во Вардар: Марсениќ, Мораеш и Стоилов. Евентуалното заминувањето на Марсениќ не би требало многу да се одрази на играта бидејќи сите пивотмени досега ја делеа минутажата. Но, сѐ повеќе игра Мораеш кој поради својата физичка предност е доминантен над повеќето ривали.

Марсениќ од 2015 година е член на Вардар и лани постигна 32 гола во натпреварите од лигата на шампионите. Сезонава по еднаш се запиша меѓу стрелците само на дуелите со ППД Загреб и Кристијанштад.