ПСЖ потпиша со еден од најголемите хрватски таленти!

Често критикуваниот тим поради нивната политика на регрутирање играчи во подоцнежни години во последно време, ПСЖ полека почнуваат да ја менуваат својата навика.

Доказ за тоа е трансферот на 17 годишниот Хрват Халил Јагањац кој потпиша на 3 години со парискиот гигант.

Младиот среден бек Јагањац беше повикан на тренинзи со ПСЖ изминатото лето од страна на Нока Сердарушиќ а потоа се врати во својот клуб од втората хрватска лига, МРК Козала, каде што важи за најдобриот играч и е прв стрелец во лигата. Сепак парижаните не останаа рамнодушни на неговите настапи и му понудија тригодишен договор кој беше експресно прифатен. Јагањац е висок дури 2 метри и се смета за најголемите надежи во Хрватска и меѓу ѕвездите на наредното ЕП за млади играчи.

Capture

При неговата посета на Париз по потпишувањето на договорот, Јагањац не испушти да се фотографира со својот идол и сонародник, Никола Карабатиќ.