ПСЖ останува без една од ѕвездите: Кил го „грабна“ Сагосен

По неколкудневни ндмудрувања низ медиумите, конечно стана јасно кој ќе биде новиот тим на најдобриот Норвежанец, кој дефинитивно го напушта составот на ПСЖ. Официјално, Сандер Сагосен од 2020 ќе има нов тим, а тоа е Кил. „Зебрите“ беа во битка со Фленсбург, и подобро си ја завршија работата убедувајќи го Норвежанецот да им се придружи и да стави потпис на тригодишен договор со нив.

Средниот бек на ПСЖ, имаше можност да ја продолжи соработката со клубот од Париз, но не го стори истото и реши среќата да ја побара на друго место. Кил се гледа како идеално решение, а истото Сагосен го потврди и во изјава за официјланата веб страна на германскиот гигант.

„Кил е голем тим. Со намера го избрав овој предизвик и сигурен сум дека ќе влезам во нова уште подобра фаза во мојата кариера“, изјави Сандер Сагосен.

Еден од најдобрите во светот, името го изгради во Аалборг, а во ПСЖ настапува од 2017 година. Сега Раул Гонзалез ќе биде принуден да најде идеално решение за средната бековска позиција.