ПСЖ на Раул со шампионска игра во Германија

Шампионот на Франција, ПСЖ одигра неверојатна средба на гостувањето кај Флензбург и славеше со 27:20 со што само ја продолжи доминацијата во групата и после осум натпревари има максимални 16 бода.

Тимот на ПСЖ беше во постојана предност и во ниту еден момент не дозволи противникот да се доближи. На полувреме имаше 12:9, а потоа во вториот дел предноста беше зголемена за на крајот да се слави со високи 27:20.

Ова беше полесен меч од сите очекувања за ПСЖ, па Флензбург сега дојде на уште чекор поназад од битката за подобар пласман во групата Б.

Инаку, прв стрелец во редовите на ПСЖ беше Микел Хансен со шест гола, додека по четири имаа Генсхајмер и Тофт Хансен. Во редовите на Флензбург петпати реализираше Ване, а четири гола постигна Лауге Шмит.