ПСЖ НАЈГОЛЕМ ФАВОРИТ ЗА ПЕХАРОТ ВО ЛШ, СЛЕДУВААТ ВЕСПРЕМ И БАРСЕЛОНА

Според анкетата која ја направи германскиот ракометен портал „Handball-world“, на прашањето кој ќе биде овогодишен победник во Лигата на шампионите дури 30% од испитаниците одговориле дека тоа ќе биде екипата на ПСЖ предводена од стариот лисец Нока Сердарушиќ. Како втор фаворит со 18,7% од гласовите се најде минатогодишниот финалист во ЛШ, унгарски Веспрем, додека пак 12,5% веруваат дека актуелниот шампион Барселона ќе успее да ја одбрани титулата и оваа година. Интересен е фактот дека ниеден од трите тимови кои важат за главни фаворити за освојување на титулата не успеа да стигне до победа во својот премиерен настап во најквалитетното ракометно натпреварување. Да потсетиме, ПСЖ во Фленс Арена загуби од екипата на Фленсбург, Веспрем ремизираше на гости против Висла Плок, а Европскиот шампион Барселона повторно загуби на жешкиот терен во Манхајм против Рајн Некар Ловен. Македонските претставници во ЛШ, Вардар и Металург имаа слаб процент на оваа анкета. Македонскиот шампион Вардар имаше 1,2% од гласовите, а за Металург гласале 0,6%.

anketa