ПСЖ денес ги чека пекол во Загреб: Арената целосно распродадена!

Во Хрватска се отвара новата година во Лигата на шампионите.
Денес момците на Веселин Вујовиќ на свој терен и пред домашната публика во Загреб го пречекуваат францускиот шампион ПСЖ, во рамките на 11-то коло од Лигата на шампионите.
Арената Загреб е целосно распродадена што значи дека Вујовиќ и неговите избраници ќе имаат поддршка од рекордните 15200 навивачи. Свој деби настап во дресот на Загреб во ЛШ ќе има и репрезентативецот на Македонија, Велко Марковски.

Загреб на овој дуел ќе настапи и со Стипе Мандалиниќ кој поради повреда го пропушти ЕП во Полска.

Натпреварот започнува со почеток од 18:45.