Профил: Алена Ихнева

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар СЦБТ ги засили своите редови со неколку нови квалитетни ракометарки меѓу кои е и 18 годишната Алена Ихнева.

Ихнева 2
фото: Виктор Лебедев

Несомнено е дека младата русинка е огромен талент и зад своето име има забележано бројни успеси постигнати во матичниот клуб Лада Тољати. Ихнева првите чекори во ракометот ги прави на 10 годишна возраст во ракометната школа на Лада под раководство на тренерот Олга Хомутова.Првиот професионален договор со екипата на Лада Тољати го потпишува во 2010 година со што започнуваат нејзините настапи во помладите категории во рускиот шампионат.Во категорија на играчи родени во 1995 година двапати го освојува златниот а еднаш сребрениот медал. Во младинското првенство на Русија, Ихнева доаѓа до златниот медал во 2011 година.

Ихнева
фото: Виктор Лебедев

Првиот златен медал со руската јуниорска репрезентација Ихнева го освојува во 2011 година на Европското првенство во Чешка, и токму таа е најдобриот играч во финалето кога Руската репрезентација успева да победи со еден гол разлика и да дојде до првата позиција. Веќе во наредната година, на Светското јуниорско првенство во Црна Гора, Ихнева доаѓа до сребрениот медал.

 

Ихнева 3
фото: Виктор Лебедев

Минатата година во Данска на Европскиот шампионат во категорија на играчи до 19 години, Ихнева повторно е носител на играта на руската репрезентација и токму таа со 9 погодоци ја предводи “ зборнајата” до убедлива победа во финалето против одличната репрезнтациja на Унгарија.

Алена својот прв настап во сениорската екипа на Лада Тољати го бележи во сезоната 2012/2013 каде добива шанса да настапи на 4 натпревари успевајки да постигне 6 погодоци, а истата сезона го освојува и бронзениот медал во Рускиот куп.
Последната сезона пак е најуспешната во нејзината кариера кога после пет одиграни натпревари во финалната серија на руското првенство доаѓа до сребрениот медал, а во своето европско деби успева да го освои ЕХФ купот каде во десет одиграни натпревари постигна 23 погодоци. Колекцијата на медали беше надополнета и со бронзениот медал од Купот на Русија, а пред една недела со освојувањето на сребрениот медал од Светското јуниорско првенство во Хрватска, на најдобар можен начин ја заврши оваа сезона.