Против Загреб ја покажавме нашата сила, без калкулации одиме на победа против Веспрем! (ВИДЕО)

Столбот на вардаровата одбрана Илија Абутовиќ видно задоволен по вчерашниот триумф над Загреб, изјави дека половина од планот е исполнет. По исклучително тешкиот и борбен триумф над Загреб, следува вистинскиот испит против еден од најдобрите европски клубови Веспрем. Абутовиќ најавува беспоштедна борба, без калкулации против како што вели можеби најдобрата бековска линија во Европа. Ова финале ќе биде увертира на главната битка помеѓу овие два тима, а тоа е секако онаа во Лигата на шампионите.
Во видеото подоле погледнете што за 24Ракомет ТВ изјави Илија Абутовиќ во пресрет на утрешното финале помеѓу Вардар и Веспрем.