Против домаќинот Алжир ќе се бориме за четвртфинале на Мундијалот!

Противник на Македонија во осминафиналето на Мундијалот во Алжир ќе биде токму домаќинот. Африканската селекција славеше во последното коло од групната фаза над Саудиска Арабија со 23:21 и го визираше пласманот во следната фаза.

Со овој триумф ја прати Аргентина на четвртото место и ја избегна Шпанија како осминафинален противник. Дуелот меѓу Македонија и Алжир ќе се игра во стандардниот вечерен термин за домаќинот, 21:45 часот, в среда.