Противникот на Македонија силно мотивиран пред СП: Босанците добија навивачка химна (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина која е еден од противниците на Македонија на престојното СП, веќе се наоѓа во Катар каде ги одработува и последните подготовки пред самиот почеток на шампионатот. За Босанците ова ќе биде деби на големите ракометни натпреварувања, а атмосферата се загрева и со новата ракометна химна која специјално е направена пред СП и треба да биде голем мотив за ракометарите на БиХ. Ракометните фанови во оваа земја веруваат дека нивните ракометари можат позитивно да го изненадат ракометниот свет, и да напишат нова успешна страница во спортот во БиХ. Химната можете да ја слушнете на следново видео: