Противникот на Македонија воинствен: Словенците загубија во Загреб, но ги истепаа Хрватите

Селекцијата на Хрватска победи со 21:20 против Словенија во Загреб на втората контрола, но на овој меч домашните добија речиси исто толку ќотек колку што го добија и на првиот меч во Словенија.

Имаше силни удари во пределот на лицето, стартови и за повеќе од црвен картон, а ова не оди воопшто во прилог на Македонија. Ако се знае дека Словенија е ривал на Македонија на ЕП, претстои навистина интересно Европско првенство.

На денешната средба имаше неизвесност и возбудувања во кои нијанси пресудуваа. Словенија имаше свои шанси, но Хрватите ги имаа во своите редови Циндриќ, Карачиќ и Чупиќ кои одлично го предводеа нападот и на овој дуел придонесоа за минимален триумф од 21:20.

Чупиќ беше стрелец на шест гола. Карачиќ го заврши мечот со четири, додека Циндриќ имаше два гола.