Прослава во Будимпешта: ФТЦ му го нанесе првиот пораз на Ѓер

Актуелниот европски шампион Ѓер беше шокиран на гостувањето во Будимпешта против ФТЦ. Во рамките од 22.коло во унгарската супер лига ракометарките на ФТЦ му го нанесоа првиот пораз на Ѓер во натпреварувачката сезона 2014/15. На домашен терен ФТЦ беше подобар со 24:21 (13:8). И покрај поразот Ѓер останува на лидерското место бидејќи има еден пораз, а неговиот ривал од Будимпешта има еден пораз и едно реми. На денешниот натпревар три ракометарки во ФТЦ беа стрелци на шест погодоци, Томори, Пена и Сузански. Кај Ѓер Анико Ковачич беше стрелец на седум погодоци додека Хајди Локе шест пати се запиша во листата на стрелци.

Фото:fradi.hu