Пропуштена првата шанса за СЕХА завршница: Металург поразен во Нашице

Македонскиот шампион ја пропушти првата шанса да се пласира на завршницата на СЕХА лигата, откако денес во Нашице загуби од екипата на Нексе со 25-19, до крај остануваат уште два натпревари против Борац и Мешков кои Металург мора да ги добијат доколку сакаат да го резервира последниот билет за завршницата на СЕХА лигата.

Нексе 25-19 РК Металург (12-10)

Ракометарите на Металург одиграа храбро во првото полувреме кое домаќините го добија со два гола разлика.По почетните 10 минути, ниту една од екипите не успеа да се одвои, дури во 13-та минута по низата од 3 голови по ред, тускиот интернационалец ги постави првите три голови предност на натпреварот 6-3. Во наредниот период токму Челеби ја одржуваше константноста на разликата. Раде Стојановиќ во 20-та минута го намали резутатот на 8-6, но следуваше мини серија на Челеби и Јурјевиќ за првото водство од четири голови, 10-6 во 22-та минута. Во последните пет минути од полувремето Металург влезе со негатива од само два погодока 10-8. Но хрватскиот вице-првак повторно врза два гола во низа, за нови четири голови предност,12-8 во 28-та минута. Последните два гола во полувремето ги постигнаа Бувиниќ и Стојановиќ за конечни 12-10 по триесет минути игра.

На почетокот на вториот дел, со прецизните удари на Соколиќ на два пати и Павлетиќ, Нексе ја достигна највисоката предност од пет погодоци, 15-10. Манасков за момент го запре налетот на домаќинот, но следуваше нова серија од 5-0 за крај на надежите на тимот од Автокоманда. По 45-минути игра Нексе ги достигна највисоките девет погодоци предност на овој натпревар за резултат 20-11. По шеесет минути игра Металурзите успеаа да намалат дел од високото водство за конечни 25-19.

Најпрецизен во тимот од Автокоманда беше Мартин Манасков со пет постигнати погодоци, додека Бувиниќ и Стојановиќ постигнаа по три голови. Во редовите на Нексе, Челеби и Ороз беа прецизни по пет пати.
Следниот натпревар од СЕХА лигата, Металург го игра против Борац во Бања Лука.