Пропадна трансферот на Дејан Пецаковски во Дубаи, дали Зомимак е повторно во игра?

По спогодбениот раскин на договорот со екипата на Металург, 28 годишниот лев бек, Дејан Пецаковски, замина на Блискиот Исток.

Договорот со екипата на Ал Васл сепак нема да биде потпишан. Поради компликации во преговорите, македонскиот репрезентативец го остава Дубаи зад себе и веќе со мислите е насочен кон новите предизвици. Можеби тоа ќе биде некој интернационален ангажман или од новонастанатата ситуација најмногу ќе профитира екипата на струмичките „рисови“, која и претходно пројави интерес за негов ангажман.
Откако Раде Стојановиќ најде интернационален ангажман, Зомимак е во потрага по квалитетен лев бек, а Пецаковски беше носител на играта на струмичани пред две сезони.

Останува претстојниот период да ја дознаеме конечната одлука на искусниот бек.