Пронајди го натрапникот: Кога брои најдобриот судиски пар! (Видео)

Го судеа финалето на Фајнл Фор турнирот во Лигата на шампионки минатата сезона. Го судеа финалето од женскиот турнир на Олимписките игри во Лондон, но францускиот судиски пар, близначките Бонавентура, паднаа на испитот кога најмалку требаше, во втората француска лига. На натпреварот меѓу Шарте и Валанс, во последниот обид од девет метри во првото полувреме, францускиот судиски пар Бонавентура дозволија во блокот на екипата да има дури седум ракометари. Превидот на записничката клупа и судискиот пар можете да го проследите на видеото подолу.