Промени во Црна Гора: Аџиќ повеќе нема да биде селектор?

Тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ најверојатно нема да ја предводи Црна Гора на Светското првенство во Германија, па таа улога ќе треба да му биде доведена на друг стручњак. Во Црна Гора веќе на големо се зборува за неговото повлекување, но уште нема официјална информација од страна на Ракометната федерација.

Аџиќ во една своја изјава после дуелот на Будуќност со Вајперс го најави своето заминување.

„Благодарен сум за сè во текот на сите овие години и ми претставува исклучителна чест што сум тренер во својата земја 18 години. Што се однесува до репрезентацијата не би сакал ништо да коментира. Ќе мора да се почека официјалното соопштение од страна на Ракометната федерација на Црна Гора“, истакна Аџиќ.

Оваа изјава се толкува како негово повлекување, а веќе е најдена и замена. Нов селектор на Црна Гора најверојатно ќе биде Швеѓанецот Пер Јохансон, кој со селекцијата на Шведска во 2010 година го освои сребрениот медал на Европското првенство.