Пролет победнички го затвори четвртото коло!

Ракометарот на Тинекс Пролет се чекор поблиску до четвртата позиција откако вечерва го совладаа составот Прилеп 2010 со резултат 27-21. Со овој натпревар се заокружи четвртото коло во македонскиот плеј-оф. Во останатите натпревари Вардар го совлада Металург, додека Зомимак на домашен терен во Струмица беа поуспешни од екипата на Радовиш.
РК Тинекс Пролет 27-21 РК Прилеп 2010 (14-9)
RK Prilep
Добрата одбрана со која раководеше Кимевски, овозможија предност за Пролет од 4-0 по првите 5 минути. По 20 минути игра ракометарите на Иле Темелковски, со прецизниот удар на Трајковски поведоа со шест голови 9-3. До крај на првото полувреме Прилепчани го намалија високото водство за еден гол, за конечни 14-9.
Tineks Prolet
Ракометарите на Прилеп последниот сериозен обид да фатат приклучок го имаа на почетокот на второто полувреме, кога ги искористија почетните минути по паузата да се приближат на три голови негатива 14-11. Но ракометарите на Пролет ја вратија контролата над играта и резултатот во средина на првото полувреме го зголемија на највисоки девет голови 24-15. Кога веќе беше познат победникот, прилепчани го искористија невниманието на противникот за да го ублажат  поразот. Конечниот резултат по шеесет одиграни минути изнесуваше 27-21.
Tineks Prolet
За екипата на Прилеп по три голови постигнаа Ангеловски, Мојсовски, Петковски и Ѓоргиески. Во победничката екипа Трајковски со 9 и Димитриевски со четири беа најпрецизни на овој натпревар.
 Kimevski Tineks Prolet
По четири одиграни кола води Вардар со 12 бодови жпред Металург со 9. На третото место се Тинекс Пролет и Зомимак со шест.