Пролет не прави иста грешка два пати – славеше дома над Бутел Скопје!

Тимот на Пролет забележа важна победа на стартот на разигрувањето за титулата во македонската Суперлига, откако славеше над незгодниот состав на Бутел Скопје со 26-23 и не ја повтори грешката од регуларниот дел кога загуби дома.

На стартот на првиот дел гостинската екипа беше таа што водеше со +2, на набрзина избраниците на Матлиески се вратија во егал. Двете екипи играа цврсто во одбраната, имаше жестоки дуели, па тешко се постигнуваше погодок. На пауза се замина со реми, 11-11.

Во второто полувреме Мојсоски промаши пенал, а гостите не искористија уште напад, па Пролет стигна до 13-11 преку Трајковски и Василевски.  Имаше домаќинот и можност за +3, но не искористија две такви шанси, па Мајиќ врати од пенал за 13-12.

Во 47. минута конечно Пролет дојде до највисока предност, 19-16, а на десетина минути до крајот беше и 21-17. Мотивираниот Георгиевски со убав пробив намали на 21-18, но Григорјев промаши пенал и домашните пак отидоа на безбедни 23-19.

До крајот имаше уште по неколку погодоци на двете страни, а Бутел неуспешно се обидуваше да ја стигне домашната предност и Пролет забележа победа со 26-23.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мартин Манасков со седум и Доне Мајнов со пет, а и голманот Кимевски имаше одлична партија во вториот дел. Во составот на Бутел се истакна Алексеј Григорјев со шест погодоци, а Златко Мојсоски даде четири.