Пролет без мака против Борец

Ракометарите на Пролет без никакви проблеми го решија натпреварот од последното есенско коло против последнопласираниот тим на Борец и славеа со 42-26.

Немаше никакви неизвесности на овој натпревар, победникот беше познат уште по првото полувреме кога домашните поведоа со 18-11.

Во вториот дел шанса за настап добија сите од клупата, но тоа не сњ одрази на резултатот. Напротив предноста растеше до конечните 16 разлика, 42-26.

Пролет сега има 28 бодови, најверојатно ќе остане во првата четворка по завршувањето на другите натпревари од ова коло и ќе може мирно да го чека стартот на пролетната полусезона.