Проклетството пак го стигна Вардар: Шест години шампионот на Европа игра само за 3. место

Малерот кој го следи освојувачот на Лигата на шампионите на Европа продолжува веќе шестта година по ред, а Вардар и годинава ќе мора во меч за 3. место. После денешниот пораз од тимот на Кил вардарци само ја продолжија лошата традиција која почна од 2014 година на Супер Глоуб и веќе е јасно дека актуелниот првак на Европа може најмногу до 3. позиција.

На Светското клупско првенство актуелните шампиони на Европа немаат многу среќа. Откако во 2012 година натпреварувањето почна да се игра на крајот од август, тимот кој победил во Лигата на шампионите на ЕХФ никако не може до трофејот. Во 2012 и 2013 година Кил и Хамбург играа во финалето, но загубија од Атлетико Мадрид односно Барселона така што не успеаја да дојдат до уште една круна.

Веќе од следната година клубовите кои доаѓаа како освојувачи на Лигата на шампиоинте на ЕХФ губеа во полуфиналето, па потоа во меч со некој тим од друг континент редовно успеваа да победуваат.

Таа црна серија и лоша традиција почна со Флензбург во 2014 година, продолжи со Барселона (2015), Келце (2016), Вардар (2017), Монпелје (2018) и сега уште еднаш Вардар. Дефинитивно малерот продолжува, па ова е вториот кој ги следи победниците од финалето во Келн во следната сезона.

Досега ниту еден тим што успеал да победи во Келн не се изборил за втора круна по ред, а веќе осма година по ред не може ниту до највисокот место на тронот на Супер Глоуб.