Прокоп со проверени сили на клучните натправари за пласман на ЕП

Селекторот на германската репрезентација ги одбра 16 ракометари за априлскиот квалификациски двомеч со Полска за пласман на Европското првнество 2020 година.

Полјаците се најдобрата екипа со која ќе игра Германија во овие квалификации и затоа ови два натпревари се одлучувачки за пласман на првенството. Во групата 1 се уште и Израел и Косово кои немаат доволно квалитет да се спротистават на Германија.

Со победи во овие два натпревари ракометарите на Германија ќе обезбедат пласман на ЕП. Играчите кои ги повика Кристијан Прокоп се од Бундес лига, освен левото крило Уве Генсхајмер кое игра во ПСЖ.

Список на играчи:

Силвио Хајневетер (Фуксе Берлин)
Андреас Вулф (Кил)
Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Фин Лемке (Мелсунген)
Патрик Винчек (Кил)
Тим Сутон (Лемго)
Фабиан Виде (Фуксе Берлин)
Хендрик Пекелер (Кил)
Штефан Вајнхолд (Кил)
Штефан Фет (Рајн Некар Левен)
Патрик Грецки (Рајн Некар Левен)
Каи Хефнер (Хановер)
Матијас Муше (Магдебург)
Фабиан Бем (Хановер)
Јаник Колбахер (Рајн Некар Левен)
Пол Друкс (ФуксеБерлин)