Проектилот на Шпенде во ТОП 5 голови на колото (ВИДЕО)

Левиот бек на Металург, Александер Шпенде, со прекрасниот погодок од далечина на средбата против Бјерингбро Силкеборг, се најде во ТОП 5 листата на најдобри голови во 9. коло од Лигата на шампионите.

Металург го загуби овој натпревар, но словенечкиот интернационалец беше еден од најдобрите на теренот и покажува дека е добро засилување за тимот од Автокоманда.

Голот на Шпенде е на петтото место на оваа листа, а првото место сосема заслужено го има десното крило Валтер Кринц кој со погодок од мртов агол во последните секунди го шокираше европскиот шампион Монпелје и неговиот Кристијанштад славеше со 30-31.