Продолжува српската колонија во Унгарија

Уште две српски ракометарки наредната сезона ќе бидат дел од унгарското национално првенство.
Суперлигашот Фехервар во своите редови ги донесе Наташа Савко и Тања Богосавлевиќ од Милениум.

Наташа Савко настапува на голманската позиција, и за неа екипата на Фехервар ќе биде голема шанса да ги докаже своите голмански способности во квалитетното првенство во Унгарија. Покрај настапите за Милениум, беше дел и од македонскиот вицешампион ЖРК Металург и ЖРК Јагодина.

За Тања Богосављевиќ унгарскиот клуб ќе биде втор клуб во нејзината ракометна кариера. Настапува на позиција централен бек. Богосављевиќ беше главна ракометарка во составот на Милениум како во српската супер лига , така и во европски рамки.

Покрај Наташа Савко и Тања Богосављевиќ, клубот ги ангажираше и двете репрезентативки од селекцијата на Јапонија, Ишитате Мајуко од клубот Омрон, и Танабе Јуку од Хококу.

Со овие засилувања Фехервар ги пополни испразнетите места на заминатите ракометарки.