Продолжува лошата игра на Ѓер: Убедлива победа на Ларвик

Актуелниот европски шампион – Ѓер продолжува со лошата игра пред своите фанови . На вториот ден од ” PwC Handball Fiesta” турнирот, тимот од скандинавија, Ларвик успешно ја заврши својата задача. Норвежанките беа подобри во секој сегмент од ракометната игра и остварија убедлива победа . Натпреварот заврши со резултат 24:30 ( 12-17) за Ларвик. Ѓер исто како и на претходниот натпревар против ЖРК Вардар СЦБТ, постигна 24 погодоци.

Утре со почеток од 15:00 часот, македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ  ќе се сретне со Ларвик.