Продолжуваат натпреварите од супер лигата

Денес продолжуваат натпреварите од супер лигата во женска конкуренција. Во “Автокоманда” екипата на ЖРК Металург го пречекува ЖРК Ѓорче во рамките од осмото коло. Овој натпревар е закажан со почеток од 16:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен. По овој натпревар нема да има одмор за ракометарките на ЖРК Металург бидејќи утре гостуваат во Битола против ЖРК Пелистер во деветтото коло од супер лигата. Натпреварот ЖРК Пелистер – ЖРК Металург е со почеток од 16:00 часот.