Продолжение на соработката: Големиот Веспрем по втор пат на гости кај Тинекс Пролет!

Второто гостување на унгарскиот шампион во Скопје, како дел од регуларниот дел од СЕХА лигата, повторно беше шанса за младиот тим на Илија Темелковски да почуствува како е да се игра против најдобрите ракометари на светот.

AAA_8164
ФОТО: Филип Вирановски

Очекувано резултатот ја отслика разликата во квалитет и класа на двата тима. По 15 минути игра Веспрем имаше предност од 8 погодоци, 5-13. Првата двоцифрена предност Веспрем ја содаде со голот на Маргуч за 7-17 во 22-та минута. До звукот на сирената разликата достигна дванаесет погодоци 10-22.
Вториот дел Веспрем го започна со ракометари кои малку добиваат можност за настап на посилните натпревари, ревијалното продолжение на натпреварот донесе опуштен ракомет во кој шанса добија сите ракометари во двете екипи. Конечниот резултат од 18-43 немаше големо значење за двете екипи кои ги исполнија своите зададени цели на овој пријателски натпревар.

AAA_8035
ФОТО: Филип Вирановски

Цаиц постигна осум погодоци за унгаркиот шампион, Димковски беше најпрецизен со четири голови за Тинекс Пролет.

Унгарскиот шампион со овој натпревар го покажа својот статут и величината на името кое го претставува. За надежните ракометари на Тинекс Пролет натпреварот ќе биде мотив повеќе за подигнување на индивидуалната форма и убава подготовка за тоа што следува во продолжение на пролетниот дел од македонското ракометно првенство.