ПРОБЛЕМ ЗА ВЕСПРЕМ: Штербик се „отвори“, но прерано го заврши мечот со Келце

Голманот Арпад Штербик веројатно нема да се врати во игра на полуфиналниот двобој со Келце, откако заработи незгодна повреда.

Дотогаш тој беше најдобриот играч на унгарскиот првак, и собра седум одбрани, од кои една беше удар од седум метри.

При водство на Веспрем од три голови, 8-5, Марко Мамиќ од Келце беше во контранапад и погоди, но го згазна Штербик на ногата.

Лекарите веднаш интервенираа, но Миклер мораше да влезе на негово место и потоа почна камбекот на Келце, кој поведе со 8-10.