Проблеми кај прволигашите: Две екипи се откажаа од настап

На стартот од новата сезона во Првата машка лига, сепак, нема да има 19 како што беше предвидено туку 17 екипи кои остануваат поделени во две групи. Од двете групи се откажа по еден тим, па сега Групата 1 број девет, а Групата 2 осум екипи.

Делегатирањето за првото коло е веќе направено и натпреварите се закажани за 21 и 22 септември така што се очекува старт на сезоната. Во Групата 1 ја нема екипата на Младост 09 што значи дека Богданци останува само со еден клуб во новата сезона, додека во Групата 2 тоа е Весна Акумулатори од Пробиштип.

Останува да се види како ќе тече стартот на сезоната кај прволигашите со оглед на тоа што тие побараа одлагање на првото коло поради нерешеното прашање со доделувањето на ваучерите.

Според новата ситуација во Групата 1 останаа составите на: Текстилец, Македонија Ѓорче Петров, Прилеп, Вардар Неготино, МРК Куманово, Астраион, Металург Јуниор, Алушовски и Риниа М. Во Групата 2, пак, ќе играат: ГРК Тиквеш, Преспа, Партизан, Борец, Јехона, КЛ 7 – Лазаров, Аеродром и Младост Богданци.