Проблеми за црногорките пред првиот натпревар на ЕП: Радичевиќ го напуштила тренингот поради болки во грбот

Црногорската женска ракометна репрезентација се соочува со проблеми пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Хрватска. Ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ поради болки во грбот го напуштила утринскиот тренинг. Покрај неа и Радмила Петровиќ го свиткала скочниот зглоб и нејзиниот настап против Србија е доведен во прашање. Во наредните неколку дена и двете ракометарки ќе одат на терапија по што ќе биде познато дали ќе бидат подготвени за настап на ЕП.