Проблеми за Србија: Драгана Цвијиќ го пропушта ЕП?

Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ, би можел да се соочи со голем проблем на претстојното Европско првенство во Франција.

Поранешната членка на Вардар, а сега на ЦСМ Букурешт – Драгана Цвијиќ, заработила повреда на коленото и е неизвесна за настап на континенталниот собир.

Тежината на повредата и евентуалната пауза ќе бидат познати во текот на денешниот ден по извршената магнетна резонанца.

Србија без Цвијиќ ќе игра на „Трофеј Карпати“ во Романија, а прв противник е домашната селекција, додека во финалето или мечот за трето место, нашиот северен сосед ќе се соочи со Романија Б или Русија.